- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата - Работник
123views

За три отсто е намален бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани, а во првите три месеци од 2021 година е помал за 3,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи опаѓање од 6,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2,7, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3 проценти.

Advertisement

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1, Капитални производи за 2,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4 отсто, додека пораст од 3,4 отсто има кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Advertisement

Advertisement
Advertisement