Намален интересот кај странците за инвестирање во Македонија
Време за читање помалку од минута
Само 43 отсто од странските инвеститори повторно би инвестирале во Македонија. Советот на странски инвеститори направи истражување помеѓу компаниите со странски капитал во земјава во кое се наведува дека проблемите со бирократијата како на централно така и на локално ниво им е еден од најголемите проблеми.
Една третина од странските инвеститори не се задоволни од инфраструктурата, а половина од анкетираните компании делумно се задоволни од инфраструктурата во државата. Голем проблем за странските бизнисмени е и недостатокот на инженери и останат технички персонал на македонскиот пазар на труд. Сите странски инвестиции потенцирале дека годинава се соочиле со некаков проблем во работењето.
Повеќе на ТВ24
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025