НовостиПравдаСветот на работникот

Наместо финансиски надоместок, студентите од медицина ќе бидат ослободени од партиципација

Наместо финансиски надомест - Работник
828views

По вчерашните реакции на социјалните мрежи дека студентите од шеста година од Медицинскиот факултет „Кирил и Методиј“, кои се вклучени во борбата против коронавирусот дека нема да добијат финансиски надомест за нивниот труд, порталот Работник контактираше една од студенктите која е директно вклучена во борбата против коронавирусот. 

Катерина Ристовска вели дека точна е информацијата дека нема студентите од 6 година по медицина кои се вклучени во борбата против коронавирусот, да земат плата, ниту надоместок, но нагласи дека ќе бидат ослободени од партиципација за летниот семестар 2020/2021 години.

Посочи дека ќе им биде признаен и стажот, односно клиничката пракса по јавно здравје.

На прашањето дали за неа ова е доволно или пак потребно е финансиски да се надомести, Ристовска вели дека на состанокот со Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со деканот на факултетот им било речено дека ќе им биде признаена само клиничката пракса.

Вели дека завчера добиле информација дека било изгласано од страна на Декантската управа да бидат ослободени и од партиципација. 

„Сепак нашата работа беше доброволна и првично се согласивме да не земеме никаков финанскиски надомест“, вели Ристовска.

Таа истакна дека лично неа финансискиот надомест нема да и направи никакво задоволство, ниту услуга.

„Бидејќи ситуацијата наложува да голем дел од клиниките ослободуваат место за ковид пациенти, ние губиме голем дел од клиничката пракса, биејќи самите доктори не сакаат да не изложуваат на ризик за работа со тие пациенти“, вели Ристовска.

Според неа би било посоодветно како компензација да добијат добра клиничка пракса, наместо пари. Таа го посочи примерот со студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ на којшто им се дала можност да ја обавуваат клиничката пракса во Систина. 

Порталот Работник побара став и од Министерството за здравство, од каде до овој момент немаме добиено одговор. 

Бобан Илијевски