Правда

Настана медиумски мрак: Операторите протестираат, бараат промена на законската регулатива

657views

Денеска на малите екрани настапи медиумски мрак. Граѓаните на Македонија ќе можат да ги гледаат само програмите на МРТВ. Од А1 Македонија на екраните стои натпис кој во продолжение ви го пренесуваме целосно:

Почитувани корисници,

Ова е времен прекин на телевизиските програми во знак на протест. Причините се наметнатите неуставни обврски за одговорност од дејства кои не се во наша надлежност и контрола, како и неможност за регистрирање на странски ТВ канали на штета на нашата ТВ понуда.

Доколку не се променат спорните измени на законската регулатива и Уредбата на Владата донесе на 29.05.2020 година, ве известуваме дека од 08.08.2020 година нема да бидеме во можност да реемитуваме ТВ програми преку нашата мрежа.

Жалиме што сме принудени на ваков чекор и се надеваме дека наскоро ќе се изнајде соодветно решение. Согласно обврските од Вашиот договор, ќе бидете обесштетени со соодветно намалување на месечната претплата.

Повеќе информации на www.A1.mk

А1 Македонија