Наука

Научниците забележале невообичаена врска помеѓу долговечноста и нивото на железо во крвта

Научно истражување за нивото на железо во крвта - Работник
780views

Новите истражувања пронајдоа докази дека нивото на железо во крвта може да игра улога во тоа колку долго живееме.

Иако студиите за долговечноста треба секогаш да се земаат резерва, ова последно истражување е прилично импресивно. Целото испитување вклучуваше генетски информации од повеќе од еден милион луѓе од три јавни бази на податоци. При анализирање на податоците, научниците се фокусираа на три клучни параметри на стареење: просечен животен век (животен век), години без никакви болести (здравствен век) и доживување длабока старост (долговечност).

Откриле дека 10 клучни региони на геномот се поврзани со долговечноста, вклучително и збир на гени кои одредуваат како нашето тело го метаболизира железото. На кратко, се чини дека прекумерното ниво на железо во крвта е поврзано со поголем ризик од прерана смрт, пишува „Science Alert“.

„Одржувањето на нивото на железо под контрола може да спречи некои болести поврзани со возраста“

„Овие наоди се исклучително важни затоа што сугерираат дека високиот степен на железо во крвта го намалува времетраењето на здравите години на живот и дека одржувањето на ова ниво под контрола може да спречи оштетување на телото поврзано со возраста“, рече аналитичарот за податоци Пол Тимерс од Универзитетот во Единбург.

„Ние, исто така, претпоставуваме дека нашите наоди за обработка на железо можат дополнително да објаснат зошто употреба на голема количина црвено месо богато со железо во исхраната се поврзани со болести кај повозрасните луѓе, како што се срцевите заболувања“, додаде тој.

Бидејќи корелацијата не мора да значи каузалност, експертите користеле статистичка методологија наречена рандомизација на Мендел во анализата за да ја намалат пристрасноста и да се обидат да забележат каузалност меѓу податоците.

Гените APOE и FOXO3

Научниците претходно проценија дека генетиката има околу 10 проценти од влијанието врз здравјето и долговечноста. Експертите сега откриле пет генетски маркери кои не се сметале за значајни на ниво на геном. Од друга страна, некои од маркерите, како што се APOE и FOXO3, претходно се сметале за важни во процесот на стареење и одржувањето на физичкото здравје.

„Со оглед на врската помеѓу заболувањата поврзани со возраста и добро познатите генетски локации поврзани со стареењето – APOE и FOXO3, јасно е дека веќе го разбираме процесот на стареење кај луѓето до одреден степен“, пишуваат научниците во својот труд.

Нивото на железо во крвта, освен генетиката, главно е условено од диетата и е поврзано со голем број на болести поврзани со возраста, вклучувајќи ја и Паркинсоновата болест и заболувањето на црниот дроб. Покрај тоа, количината на железо влијае на способноста на нашето тело да се бори против инфекции како што старееме.

„Нашата крајна цел е да разбереме како се регулира возраста и да пронајдеме начини да го продолжиме периодот на здравје за време на подоцнежниот живот“, рече генетичарот Jорис Делен, кој ја проучува биологијата на стареењето во Институтот Макс Планк.

„Сите 10 региони од геномот што ги откривме и се поврзани со животниот век, здравјето и долговечноста, ветуваат кандидати за натамошно истражување“.

Извор: Index.hr