Нашите читатели кажаа: Колку треба да трае работното време?
Речиси секоја земја од Европската унија настојува да го намали или го намалила работното време. На пример, Исланд, Белгија и Велика Британија имаат воведено четиридневна работна недела. Германија, иако ја има една од најкратките работни недели во Европа, се стреми кон тоа уште повеќе да го намали работното време.
За жал, во Македонија се случи еден невиден преседан, кога Собранието минатата година донесе законски измени во Законот за работни односи, со кои работното време на оние кои работат на стратешки проекти им се зголеми на 72 часа.
Порталот Работник спроведе една кратка анкета во која ги прашавме нашите читатели колку треба да биде работното време. Во прилог графиконот со резултатите:
Графикон by Работник МкКако што може да се види од графиконот, речиси половина од испитаниците сметаат дека работното време треба да се намали на 6 часа, додека 34 % посочиле оти сметаат дека треба да се воведе четиридневна работна недела. Од вкупно 383 испитаници само 3% сметаат дека работното време не треба да се намали.
Фото: Shutterstock/Dragon Claws