ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Најголем број на лица во периодот мај – август, засновале работен однос во јуни – 3,144

Бобан Илијевски

Прегледот на Агенцијата за вработување на невработени лица со состојба на 31.08.2021 година и податоци за прилив и одлив на невработени лица во периодот од 01.08.2021 до 31,08.2021 година, покажува дека од вкупно 137,707 евидентирани невработени лица, 4,097 се стекнале со статус на невработени во наведениот период. 

Во однос на пријавувањето во Агенцијата за вработување, 741 лице го направиле ова во наведениот период. Од работен однос (независно кога истиот им престанал) се прилеале 2,375 лица. Во истиот период, симнати од евиденција на невработени по сите законски односи биле 877 лица. 

Од евиденцијата на други лица кои бараат работа во Агенцијата се прилеале 914 лица. 

Што се однесува на одливот на невработени лица, односно лица кои престанале да се водат во евиденцијата на невработени, нивниот број изнесува 5,847. 2,829 лица во дадениот период засновале работен однос, а 2,463 се симнати од евиденцијата по законски основ. 

Податоците покажуваат дека 582 лица во август оваа година преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа, со што заклучно со август месец вкупно 55,925 лица се на листата на пасивни баратели на работа. 

Споредба на август месец со мај, јуни и јули во однос на засновање на работен однос

Во мај месец, според податоците на Агенцијата за вработување, 2,535 лица засновале работен однос. Имајќи во предвид дека бројот на лица кои засновале работен однос во август изнесува 2,829, тој е поголем за 10,39 %. Во јуни 3,144 засновале работен однос, со што во споредба со другите месеци има најголем број на вработувања според Агенцијата и истиот е за 10,02 % поголем од тој од август. 

Во јули бројот на лица кои засновале работен однос изнесува 2,610 и истиот е за 8,39 % помал од август.