Колку вработени има во радиостаниците во Македонија?
Во радиостаниците на државно ниво, Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон, просечниот број на вработени во редовен работен однос останал непроменет во однос на минатата година, односно и оваа година во овие радио станици биле вработени 45 лица, покажува Анализата на пазарот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„На 31.12.2020 година, бројот на вработени лица во редовен работен однос изнесувал 45, а хонорарно ангжариани биле 38 лица“, стои во анализата.

