Владата ќе ги спојува НЕР и ГА-МА во ново претпријатие со сите вработени
Владата ќе ги спојува АД НЕР, претпријатието за изградба на националниот гасовод, и АД ГА-МА, друштвото кое управува со системот за пренос на природен гас, во нова трета компанија, која ќе ги превземе сите вработени од двата оператори. Вака размислува Владата, по финализирањето на трансакцијата од 33 милиони евра со која се купи половичниот удел што го имаше „Макпетрол“ во пренесувачот на природниот гас од Деве Баир до Скопје – АД ГА-МА.
Од таму информираат дека е формирана работна група која е предводена од Министерството за економија, кое на крај треба да биде целосен сопственик на операторот на пренос на природен гас и да се финализира процесот на сертификација и исполнување на обврските за сопственичко раздвојување во гасниот сектор.
Повеќе на Фактор

