Најпознати производи кои започнале како грешка
Некои од најпознатите работи кои денес ги земаме здраво за готово – настанале како потполно промашување. Не како генијални идеи кои веднаш „кликнале“, туку како производи кои не ја нашле својата цел… додека некој не сфатил дека целта поточно им е – за нешто друго.
Фолија што пука
Фолијата што пука денес е синоним за заштита на кршливи работи. Но кога во 1957 година ја осмислиле Алфред Филидинг и Марк Чавнес, замислена како – пластична тапета со текстура. Идејата не поминала. Дури подоцна е откриено дека е совршена за пакување и транспорт.
Пластелин
Слична судбина имал и пластелинот. Пред да стане омилена детска играчка, бил средство за чистење на чадот од ѕидовите. Кога се промениле системите за греење и производот станал непотребен, некој забележал дека е совршен за играње.
Листерин
Дури и Листеринот не започнал како средство за освежување на здивот. Првобитно е користен како хируршки антисептик и средство за чистење. Дури подоцна ја добил денешната, далеку попрофитабилна намена.
Post – it Notes
Post – it Notes настанале благодарение на „неуспешниот“ лепак на компанијата 3М. Лепакот не бил доволно силен за она за што бил развиен – но бил совршен за хартии кои можат да се залепат и одлепат без оштетување.
Кока – Кола
Кока колата првобитно била продавана како лек против главоболка и замор. Денес е еден од најпретпознатливите брендови на светот – но не поради својата оргинална цел.
WD – 40
Уште еден интересен пример е WD – 40. Настанал како производ за заштита на ракетни делови од корозија во авио – индустријата. Денеска го користиме за врати кои чкрипат и шрафови кои не попуштаат.
Што овие приказни навистина зборуваат?
Овие примери не се исклучок – тие се правило кое често се премолчува: успехот не доаѓа секогаш од добра идеја, туку од добра реинтерпретација на идејата. Не дека сите основачи имале „погрешни идеи“. Туку пазарот често одлучува поинаку од што планираме.
Најуспешните производи не се нужно оние кои од почетокот биле совршено дефинирани – туку оние кои биле доволно флексибилни да ја пронајдат својата вистинска улога. Со други зборови: понекогаш најголемата деловна грешка – е всушност почеток на вистински успех.
Извор: BIZlife.rs

