На 50 наставници од Кочани не им е продолжен договорот за вработување – СОНК ќе преземе синдикални мерки ако до почетокот на идната недела не се реши проблемот
Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
На 50 наставници од Кочани не им е продолжен договорот за вработување. Наставниците на улица, учениците во училиштата без наставници. Настава нема една недела.
В.Д. градоначалникот на Кочани не дава согласности за вработување, не остварува средба со СОНК и не одговара на телефонски повик.
СОНК бара градоначалникот итно да ги врати наставниците на работа или МОН да постапи согласно законските надлежности.
Доколку на почетокот на идната недела не се надмине проблемот, СОНК ќе превземе соодветни синдикални активности.

