СОНК на 11 април влегува во генерален штрајк?!
Дали СОНК на 11 април ќе стапи во штрајк?
Во изјава за Порталот Работник, Претседателот на СОНК рече дека моментално се врши консултација со членството на синдикатот и дека на Владата, во име на конструктивниот социјален дијалог, ќе им дадат рок до 25 март, за да се изнајдат заеднички прифатливи решенија. Доколку до тој датаму не се постигне договор, сосема е сигурно дека СОНК на 11 април ќе започне генерален штрајк.
Неделков порача дека консултациите ги прави секој Регионален одбор со сегментот на членството кое го опфаќа, а кое е од сите дејности кои ги покрива СОНК. Ова е со цел да се дознае кој е ставот на членовите на синдикатот.
Имено, СОНК неколку години наназад, во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, бара усогласување на платите со растот на минималната плата на национално ниво.

