- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Недела – неработен ден: Што би било кога би било?

Недела - неработен ден - Работник
194views

Бобан Илијевски

За вработените во трговијата 100 %, а за останатите 50 % повисока дневница за работа во недела

Advertisement

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера преку фејсбук статус истакна дека Законот за трговија ќе предвидува 100 % дневница за вработените во трговијата кои ќе работат во недела, откако ќе започне да се применува законското решение.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска посочи дека Владата ќе обезбеди 50 % повисока дневница за работниците коишто ќе работат во недела, како и слободен работен ден во текот на работната недела, додека за вработените во трговските центри кои, како што рече ќе работат во една смена, ќе земат 100 % повисока дневница и ќе имаат слободен ден. 

Advertisement
Advertisement

Таа нагласи дека два проценти од годишиот промет, правните субјекти од трговските центри ќе бидат обврзани да ги уплаќаат во државниот буџет. Овие пари, рече таа, ќе бидат инвестирани во нови градиники.

КСС: Ќе се дојде до ситуација, некои од работниците да не земат повисока дневница за работа во недела

Синдикатите, пак се на ставот дека на овој начин се прави дискриминација помеѓу вработените и дека треба сите вработени да земат 100%. 

Конфедерацијата на слободи синдикати на Македонија, неодамна на прес – конференција истакна дека Министерот Бектеши преку Законот за трговија сака да го бајпасира Законот за работни односи, каде што треба да се уредени правата и обврските на работниците и работодавачите. 

Првиот човек на КСС Благоја Ралповски посочи дека преку Законот за трговија им се дава можност на сите маркети и молови да работат во недела и притоа на вработените да им исплаќаат 100 %. Тој го поздрави овој потег, но побара да биде исто за сите работници во Македонија, бидејќи согласно предлог Законот за неработна недела ќе се дојде во ситуација во која некои од работниците ќе бидат дискриминарани, а тоа, како што рече, значи дека ќе работат во недела, но нема да им биде платена дневница за тоа. 

Тој посочи дека КСС во минатото укажувал на тоа дека неработната недела е популизам на оваа власт, потенцирајќи дека кога започнале да го работат Законот во делот на дејностите коишто ќе работат во недела, биле 32 дејности, но после три месеци бројот се зголемил на 38. 

Дополни дека додадени се и помошните и придружните дејности, со што многу повеќе дејности ќе работат во недела, од причина што има работодавачи коишто работат во повеќе од една придружна или помошна дејност. 

Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“, спровело истражување со кое биле опфатени 870 испитаници. Резулатите покажале дека 70 % од вработените во текстилната индустрија работат прекувремено, 59,3 % над 50 часа неделно, а само 11,3 % изјавиле дека не работат за време на празници и викенди. 

Претседателката на здружението Кристина Ампева истакна дека вработените во текстилните фабрики, трговските центри, супермаркетите, градежните работници… имаат право на одмор еден ден во неделата, нагласувајќи дека сега тоа не е случај, бидејќи недела е работен ден за многу граѓани. 

Таа порача дека Владата мора да донесе политичка одлука, како што направи со зголемувањето на минималната плата, и во Законот за работни односи недела да биде неработен ден и да се најде систем како работниците да се плаќаат по час. 

Подвлече дека како земја која се стреми да влезе во Европската унија, треба да носи и европски закони кои ќе ги унапредуваат правата на работниците. (Изјавата е од јануари 2020 година).

Продуктивноста на градежните работници ќе се зголеми доколку одмараат во недела

На неодамнешната панел дискусија на членките на Стопанска комора на Северна Македонија, Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите, меѓу другото рече дека нашата држава има ограничени можности развојот да го заснова на искористување природни богатства, па поради тоа смета дека разојот треба да го заснова, пред се на продуктивноста на трудот и врз креирање на поголема додадена вредност. 

Според него, работните услови се значен фактор за остварување на целта, меѓутоа не треба да се дозволи подобрувањето на работните односи да се гледа низ призмата на зголемувањето на празниците и неработните денови, туку преку мотивираноста и продуктивноста на работниците.

Тој нагласи дека доколку законското решение за недела како неработен ден, важи и за градежништвото, тоа ќе има негативно влијание врз продуктивноста на вработените во овој сектор којшто според последниците податоци се 35,000. 

Од друга страна, Заменик претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање Иван Пешевски, во интервју за порталот Работник истакна дека недела мора да биде неработен ден за градежните работници. 

Пешевски истакна дека синдикатот не добива конкретни одговори од работодавачите доколку не работат во недела колку ќе изгубат, потенцирајќи дека на ум имаат оти одредени работодавачи се обврзани со рокови за изведба на одредени проекти кои за возврат обезбедуваат плати за работниците. Тука обѕир треба да има и самата држава, додаде тој. 

Продуктивноста, вели, би била поголема доколку овие работници одмараат во недела, бидејќи говориме за живи луѓе, а не машини.

Истакна дека не може човечкиот живот да се спореди со механизација во индустријата која работи 365 дена постојано.

„Мора да се знае дека само одморен и работник во безбедни услови ќе даде резултати за работодавачот. Имајќи ги во предвид и платите кои се исплатуваат во градежниот сектор, морално и одговорно тврдам дека нема ништо да се промени во секторот доколку овие работници одморат во недела и уште еден ден во неделата. Голем дел од нив се злоупотребени и работат непријавени и прекувремено без никаков надомест. Голем дел од повредите и жртвите се токму и во тие часови. Еднаш засекогаш мора да разберат работодавачите дека нема ништо поважно од човечкиот живот, бидејќи и самите знаат колку чини повреден работник дома. Нема профит од тој работник од една страна, а има трошоци за лекување од друга страна“, рече Пешевски.

Првобитно Законот за неработна недела требаше да започне да се применува во септември оваа година, но поради ковид пандемијата и негативните економски ефекти врз економијата од истата, ќе започне да се применува од 1 јануари 2022 година.

 

 

Advertisement