- Advertisement -
UncategorisedМакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Неделков: Со Колективниот договор за високо образование и наука забетонирани се правата на вработените

Неделков - Работник
706views

ОД: Бобан Илијевски

Придобивките од Колективниот договор, како што рече Неделков, се во тоа што се регулирани платите по работни места, од помошно – техничкиот персонал до редовен професор. Предвидени се соодветни зголемувања на платите во наредниот период од две години, во договор со МОН. Регулирани се и додатоците на плата, како што е минат труд којшто досега МОН не го финансирал, односно пред два месеци започнал со исплаќање на овој додаток, но со Колективниот договор тоа е забетонирано и сите организации од високото обрзование и наука ќе го имаат овој додаток. 

Advertisement
Фото: fauxels/Pexels

Колективниот договор за високо образование и наука е пред потпишување и на јавна расправа пред членовите на СОНК. Ова го напиша првиот човек на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков, на својот фејсбук профил.

Тој во изјава за порталот Работник рече дека Колективниот договор е пред членовите на синдикалните организации на СОНК од дејностите високо образование и наука. Тие го разгледуваат предлог текстот на којшто се работело изминатите пет – шест месеци, по што конечно е усогласен со Министерството за образование и наука. Како што налагаат правилата во синдикатот, вели Неделков, пред да се добие согласност за потпишување, текстот мора да оди на јавна расправа.

Advertisement
Advertisement

„Очекуваме максимална поддршка од нашите членови за овој документ, за којшто морам да признаам дека е прв ваков документ во високото образование и наука во изминатите триесет години. Практично, од осамостојувањето на Република Македонија до денес, Колективен договор за високо образование и наука немавме“, рече Неделков.

Неделков вели дека нивното уверување е дека овој документ е доста солиден, но не исклучува и некакви можни пропусти во носењето на текстот, но секако е прв Колективен договор за овие дејности и е со важност од две години, посочувајќи дека во наредните две години доколку се утврди дека има некакви суштниски пропусти, а има можност и порано, ќе може да се доуреди.

Придобивките од Колективниот договор, како што рече Неделков, се во тоа што се регулирани платите по работни места, од помошно – техничкиот персонал до редовен професор. Предвидени се соодветни зголемувања на платите во наредниот период од две години, во договор со МОН. Регулирани се и додатоците на плата, како што е минат труд којшто досега МОН не го финансирал, односно пред два месеци започнал со исплаќање на овој додаток, но со Колективниот договор тоа е забетонирано и сите организации од високото обрзование и наука ќе го имаат овој додаток. 

Со Колективниот договор регулирани се и другите додатоци на плата, како прекувремената работа, теренските додатоци итн. За вработените во овие дејности, ќе има и јубилејни награди и регрес за годишен одмор, рече Неделков, нагласувајќи дека во овој дел морале да направат отстапки. Во сите оние установи каде финансиската ситуација е добра, можат овие два додатоци да исплатат регрес за годишен одмор. 

На прашањето на порталот Работник дали ќе претставува проблем тоа што Законот за минимална плата не е усогласен со колективните договори, Неделков рече дека нема да биде проблем, бидејќи основната плата ќе се множи со соодветниот коефициент на сложеност на работното место и со тоа ќе биде изваден просек од просечната плата на национално ниво. 

Неделков посочи дека Колективниот договор ќе важи за членовите на СОНК, но потенцираше дека во изготвувањето на истиот учествувал и Независниот академски синдикат – НАКС, којшто дал придонес во изработка на текстот, но воедно побарал и согласување за пристапување за користење на правата на текстот од страна на СОНК, што е согласно Законот за работни односи и Општиот Колективен договор за јавен сектор.

Имено Владата на својата 66 -та седница го усвои Колективниот договор за високо образоваие и наука. 

 

Advertisement