Недостига персонал во угостителството во Охрид
Време за читање помалку од минута
Професионалните кувари остануваат најдефицитарен кадар на брегот на Охридското езеро но недостиг има и од келнери, рецепционери и собарки. Во услови на одлив на квалитетна работна сила која претежно заминува во Хрватска сопствениците на рестораните и хотелите за оваа сезона ќе работат со странски работници.Професорите велат дека импровизацијата на кадар е на штета на туризмот.
Угостителите во неможност да понудат повисока плата го губат квалитетот на услугата.
Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека импровизациите генерираат дополнителни проблеми и незадоволни гости.
Извор: Сител