Независниот синдикат на полицијата апелира да се донира заштитна опрема за полициските службеници
Независниот синдикат на полицијата денеска апелираше до сите организации и институции доколку имаат можност, да донираат заштитна опрема и средства за дезинфекција за полициските службеници со цел тие да се заштитат при извршување на работните задачи во справувањето со коронавирусот.
– Во текот на викендот во рамки на нашите можности дониравме одредени средства по полициските станици низ Скопје, но тоа е недоволно во однос на она што е реална потреба на вработените, изјави претседателот на Синдикатот Гоце Делчев Тодев, пренесе Либертас.

