Неисплатената плата во културата остави 3 илјади луѓе без здравствено осигурување
Проблемот со неисплатената јулска плата на културните работници им отвори и проблем со здравствено осигурување затоа што биле одјавени. Од синдикатот очекуваа набрзо решение за проблемот.
Околу 3 илјади луѓе во земјава вработени во секторот култура во време на пандемија од коронавирус останаа без здравствено осигурување поради доцнењето од речиси цел месец на јулската плата. Причината за доцнењето беше спроведувањето на колективниот договор, и барањето на министерството за култура на почетокот на август за спроведување на нова систематизација. За Зоран Мијалков вработен во Библиотека во Штип проблемот со платата стана многу сериозен. Во неговото четиричлено семејство каде што неговата плата е единствен приход, правната обврска да биде одјавен затоа што не стигнала на време платата, го оставила без редовната терапија за неговите две деца кои имаат посебни потреби. Во услови на пандемија да останете без здравствено осигурување е навистина голем проблем, вели тој.
Повеќе прочитајте на Р.С Европа
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025