НЕ Ѝ ЦВЕТААТ РОЗИ НИТУ НА ШВЕДСКА По стапката на невработеност им се приклучи на Шпанија и на Грција
Време за читање помалку од минута
Стапката на невработеност во Европската унија (ЕУ) во септември изнесуваше 5,9% и е за 0,2 процентни поени пониска од истиот период лани, објави Евростат.
Најниска стапка на невработеност е забележана во Чешка од 2,8%.
Според извештаите, најголема невработеност е забележана во Шпанија со 11,2%, а потоа во Грција со 9,3%.
Според податоците на Евростат, висока невработеност е забележана и во Шведска и Финска, каде таа изнесува 8,5% односно 8,4%.
Стапката на невработеност кај младите во ЕУ изнесува 14,8 %.
Кога станува збор за жените, нивната стапка на невработеност во септември изнесувала 6,1%.
Latest posts by Редакција (see all)
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025