НовостиСветСветот на работникот

Никој не ги примил работниците на „Бенетон“ во Ниш, одредени се само отпремнини преку Бирото

   Време за читање 1 минута

Откако беше најавено дека околу 900 работници на „Бенетон“ во Ниш ќе останат без работа бидејќи оваа фабрика ја прекинува работата, надлежните во градот најавија помош, но конкретна помош се уште нема. Она што е сигурно е дека вработените ќе бидат прогласени за технолошки технолошки вишок, што значи дека законски имаат право на отпремнина и надоместок за невработеност. Градоначалникот на Ниш Драгослав Павловиќ пак ветува, вели се ќе се реши, но не наведува како и дали некоја фабрика понудила да прифати барем дел од работниците. Решението засега е тие да бидат некое време на Бирото за невработени.

„Ние, пак, од Националната служба за вработување подготвивме програми каде што ќе се пријават нашите сограѓани за да можат да ги остварат своите права, објави Нова.рс. И која е поентата? Идејата е луѓето кои се прогласени за технолошки вишок да можат да добиваат бенефиции за неколку месеци за да имаат време да најдат работа, за што и ние ќе им помогнеме“, вели Павловиќ.

Павловиќ пред еден месец изјави дека се надева оти некои фабрики ќе им понудат работа на луѓето кои ќе останат без работа во Бенетон, а очигледно и понатаму останува со надеж, бидејќи не наведува дали некоја од нив ќе ги преземе. Да потсетиме, по 14 години погонот на италијанската компанија во Ниш се затвора, а работниците од работодавачот дознаа дека производството ќе трае до април.