„НИКОЈ НЕ НИ ЈА ПОГЛЕДНУВА ПОРАДИ НЕЈЗИНАТА ПРОФЕСИЈА, НО“… Работничката од комунална хигиена го воодушевила целиот свет
Еден професионален фотограф, кој се специјализира за фотографии на обични луѓе кои ги сретнува на улица, не ни очекувал дека ќе затекне жена која може да им парира на светските модели – и покрај работата што ја работи.
Имено, еден руски фотограф на својот „Тикток“ профил споделил фотографии од луѓе кои можеби не се свесни за својата убавина – додека не се види низ објективот на неговиот фотоапарат.
Така, во текот на една прошетка наишол на една работничка од градска хигиена која ја работела својата работа, па се одлучил да ја фотографира. Она што резултирало го воодушевил светот!
@semkavkvadrate ♬ Transgender – Crystal Castles
Не-именуваната жена прво била фотографирана со шлем, а кога забележала дека ја фотографираат, го тргнала шлемот и ја покажала својата неверојатна убавина.
Набрзо под видеото започнале да се нижат коментари од целиот свет, кои биле исполнети со воодушевување од девојката.
„Оваа дама би можела да биде модел во мојата земја“, „Преубава жена со преубави очи“, секоја чест на фотографиите“, „Поради нејзината професија повеќето луѓе поминуваат покрај неа не обрнувајќи внимание. Ова видео покажува што сѐ имаат пропуштено“, „Колку е убава!“, „Работи погрешна работа, бомба!“, се дел од коментарите на корисниците на социјалната мрежа.
Извор: Блиц.рс
Фото: TikTok/Screenshot