СветСветот на работникот

Доаѓала на работа прерано и добила отказ: Судот пресудил во корист на работодавачот, еве зошто

Работничка во логистичка компанија повеќе пати се појавувала на работа пред почетокот на смената. Судот нејзиното однесување го оценил како „непослушност“ и губење на доверба – и го потврдил отказот без отказен рок.

Една 22 – годишна вработена во шпанска фирма редовно доаѓала значајно порано на работа. Наместо пофлаби за својот ангажман, прво добила предупредување, а подоцна и отказ без отказен рок.

Што се случило?

Дваесетгодишната Шпанка работела за логистичка фирма. Според договорот за вработување, нејзината смена започнувала од 07:30. Нејзина должност била да го провери распределувањето на транспортот и рутите кои се направени претходниот ден. Според наводите на работодавачот, пред почетокот на смената немало никакви задачи.

Сепак, вработената со месеци редовно се појавувала на работното место помеѓу 6:45 и 7:00. Работодавачот најпрво реагирал со усмено предупредување, а потоа и со писмени. Откако младата жена не го променила однесувањето, следел отказ. Дури и по предупредувањето, наводно продолжила да доаѓа значајно порано.

Суд: „Пореметен е интерниот ред“

На суд вработената тврдела дека нејзиното рано присуство било израз на посветеност. Исто така навела дека морала да заврши голем обем на работа.

Меѓутоа, судиите не го прифатиле ова објаснување. Во образложението на пресудата јасно навеле дека не е казнета точноста, туку непочитувањето на интерните правила на фирмата.

Според повеќе извешати, судот навел: Вработената „влегла во просториите на фирмата без доделени задачи и го нарушила интерениот ред.“ Исто така „упорно ги игнорирала писмените опомени“.

Според мислењето на судот, со тоа дошло до сериозно прекршување на работните обврски.

Судиите гледаат „непослушност“ и губење на доверба

Посебно за судот било важно тоа што вработената, и покрај изричните упатства на работодавачот, продолжила со своето однесување.

Според судиите, се работело за „тешка грешка поради непослушност, нелојалност и злоупотреба на доверба“. Клучно било тоа што работничката повеќе пати ги игнорирала јасните упатства.

Пресудата се заснова на членот 54 од шпанскиот Закон за работни односи. Таму, помеѓу другото, непослушноста кон упаствата на работодавачот и сериозното кршење на работната дисциплина се наведуваат како можни причини за отказ без отказен рок.

И обвинувањата поврзани со работното време имале улога

Повеќе извештаи укажуваат на тоа дека случајот не се однесувал само на „доаѓањето прерано“.

Така што, судот не го ставил во центарот прашањето дали е дозволено да се доаѓа порано, туку дали се прекршени правилата на фирмата и довербата на работодавачот.

Дали ваков случај би бил возможен и во Германија?

Експертите за трудово право сметаат дека трудовоправни последици се можни и во Германија.

Работодавачите во принцип можат да одредат кога вработените започнуваат со работа и под кои услови можат да влезат во работните простории. Кој повеќе пати ќе ги игнорира јасните упатства, најрпво ризикува опомена, а во случај на повторување и отказ.

Меѓутоа, германскиот суд секогаш би ги испитувал конкретните околности. Тој што само порано седи во просторијата за одмор и се пријавува на работа на почетокт од работното време, најверојатно не би ризикувал отказ без отказен рок. Поинаква е ситуацијата ако се манипулира со системите за евиденција на работното време или се загрозени правилата за безбедност и пристап.

Извор: Blic.rs