НовостиСветот на работникот

Нова опрема за подобрување на условите за работа на M-НАВ

   Време за читање 1 минута

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со заменик министерот, Реџепи и државниот секретар,Трајчулески, оствари работна посета на АД Македонска навигација(М-Нав), каде заедно со менаџментот и со синдикатот при М-Нав извршија увид на новата опрема, чие поставување е во тек.

Со набавката на новата опрема за АД М-Нав дополнително се зголемува квалитетот на воздухопловната навигација и се подобруваат условите за работа на претпријатието.

„Драго ми е што она што го договоривме се реализира и на дело. Со набавката на новата опрема ја подобруваме воздухопловната навигација и обезбедуваме подобри услови за функционирање на М-Нав. Наша обврска е вработените да бидат задоволни, системот да функционира беспрекорно и услугите кои ги нуди оваа компанија да бидат на едно повисоко ниво. Сакам да потенцирам, продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни, изјави министерот Бочварски при средбата со претставниците од менаџментот и синдикатот на М-Нав.

Средбата со раководството и со претставниците на Синдикатот при М-Нав е дел од заедничкиот договор на Министерството за транспорт и врски и М-Нав, со цел изнаоѓање заеднички решенија за подобро функционирање на претпријатието.