МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Нови напади врз здравствени работници од роднини на пациенти, овој пат во ГОБ ,,8-ми Септември‘‘

141views

Неисцрпно се борат со вирусот, а секојдневно се цел на напади од нервозни пацинети. Сопруг на пациентка вчера физички нападнал медицинска сестра во лабораторија во 8-ми Септември. Според болнички извори, нервозниот пациент не можел да чека, па бесот го исфрлил врз сестрата. За настанот се уште нема пријава во МВР

Вчера мета на напад била и екипа на Итната медицинска помош додела била на интервенција.

Како што велат од полицијата за Сител, двајца роднини на пациентка чија здравствена состојба била влошена ги нападнале медицинските лица откако им укажале да стават заштитни маски за да можат да интервенираат. Двете лица почнале да ги навредуваат и да удираат по комбето.

Причина за нападите најчесто се редиците и долгото време на чекање во болниците. Додека здравствените работници се уморни и мака мачат со високиот број заразени, пациентите го губат трпението и нивната нервоза најчесто се исфрла врз медицинарите.

-Медицинскиот персзонал мора да се заштити, тој е еден. Тој е во функција и помага на голем број пациенти. Медицинскиот персонал не е виновен, тој професионално си ја завршува својата работа. Нервозите кои се создаваат се нормални кога има голем број на пациенти на едно место, вели директорот на 8-ми Септември, д-р Христијан Костов.

Статистиките на МВР велат дека во првите девет месеци од годинава 38 здравствени работници биле цел на напади од нервозни пациенти. Најмногу инциденти, по 10 се случиле во Скопје и Куманово.

-По преземени мерки и активности, поднесени се 33 прекршочни пријави по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за нарушен јавен ред и мир, по две кривични пријави за кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“ и една кривична пријава за кривично дело „насилство“, велат од полицијата.

За да се намалат гужвите пред пултовите, 8-ми септември постави монтажна чекална во која има и греење за пациентите да не чекаат надвор на ниските температура. В понеделник ќе се постави и домофон за болните да бидат повикувани по број. Дневно за преглед се примаат во просек по околу 200 пациенти, а некогаш се случува во исто време да чекаат и по 50-60 луѓе.

Капацитетите во 8-ми Септември за ковид пациенти постојано се полни. Д-р Костов вели дека постојано има по 80 пациенти, колку што има и кревети. Деновиве ќе биде пуштен и нов оддел во кој ќе има дополнителни 20 кревети за да се згрижат заразени со коронавирусот.

Извор: Сител