- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Ново поскапување на горивата

Горива - Работник
252views

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од денеска се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.