Нов изум на „Форд“ за борба против корона вирусот
Фабриката за автомобили „Форд“ осмислила „паметни ракавици“ кои би ги предупредувале работниците секогаш кога ќе се најдат на оддалеченост помала од два метри.
Двајца волонтери веќе го тестираат овој изум во погонот во Плимут.
Ракавиците работат по принцип на препознавање на другите ракавици, а кога ќе се најдат на оддалеченост помала од две метри, тие вибрираат и на тој начин предупредуваат на непосакувано приближување.
Овој уред е само една од мерките за спречувањето на ширењето на корона вирусот која Форд би можел да ја спроведе во сите свои погони кога повторно ќе започне производството.
Оптимистичните прогнози велат дека тоа ќе се случи следниот месец, а до тогаш, Форд во неколку од своите погони ќе го продолжи производството на медицниски респиратори наместо автомобилски делови.
Другите мерки кои американскиот гигант планира да ги спроведе би вклучувале, мерење на темпратурата на влезот од погонот, обврзно носење на маски за лице, а некаде и заштитни визири.
За спроведувањето на овие мерки надлежните во Форд прво мораат да го консултираат синдикатот.

