- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Нов протест на медицинскиот персонал во ГОБ „8-ми септември“

Нов протест на медицинскиот персонал - Работник
145views

Претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари Ненад Лазор на својот фејсбук профил објави статус дека повторно протестира медицинскиот персонал во ГОБ 8-ми Септември.

Повторно протестира медицински персонал во ГОБ 8ми Септември Скопје, мало медиумско внимание.
Поддршка колеги!

Advertisement

Posted by Nenad Lazarov on Tuesday, January 26, 2021

Имено, пред неколку дена се случил штрајк во болницата 8 -ми Септември, како резултат на незадоволството од условите во кои медицинскиот пресонал е принуден да ја врши работата и непродолжувањето на договорите на работа на одредени здравствени работници. 

Advertisement

Во поранешната Воена Болница штрајк имало и пред канцеларијата на директорот кој како што дознаваме му се забележува тоа што не обезбедува никакви услови за работа, а вработените се принудени од дома да носат дезифициенти, завои, ракавици и други средства за лична заштита. Директорот прстот го вперил кон министерството за здравство, а самиот признал дека болницата е на работ на финансиската издржливост. Платите каснале на договорците, а болницата е пред своевиден банкрот. Ковид центарот се борел со последни сили да обезбеди материјали за заштита и нормална работа. Министерот Филипче засега без слух за проблемите. Од вработените се дадени 24 часа за одговор на управата, во спротивно се најавува помасовен штрајк.

Advertisement