Нов случај на Ковид – 19 во Битола: Работела во фабрика, но се заразила од својот сопруг

Нов случај на Ковид - 19 во Битола - Работник
226views
Вработена во фабрика во Битола е новиот случај позитивен на коронавирус во Битола. Таа не се разболела на работното место, туку во семејството.
„Се работи за жена вработена во фабрика во Битола која не се заразила на работното место, туку преку својот сопруг кој е претходно дијагностициран позитивен на вирусот. Сите нејзини контакти се искомуницирани и ќе бидат ставни во изолација“, истакнаа од Министерството за здравство.
Advertisement