Петревски: Нема да дозволам застој на јавниот превоз и да ги оставам чесните вработени без плата!
Причината, како што наведоа некои од советниците, е тоа што во предлог-одлуката за измени во висината на субвенциите не било прецизно објаснето за што точно се планираат тие пари, иако, како што нагласија, тие се свесни оти ЈСП е во тешка положба. Директорот на ЈСП „Скопје“, Крсте Петревски, е револтиран поради новонастанатата ситуација. Тој, преку соопштение, истакна дека претставниците на двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ свесно решиле да предизвикаат хаос и застој во јавниот градски сообраќај.
Повеќе на Вечер.Прес

