Од плата од 4.800 евра во Швајцарија му остануваат 2.500: „Заработувам на јаболка, трошам на круши“
Романецот Тудор, кој живее и работи во Швајцарија, привлече големо внимание на TikTok откако јавно покажа колку заработува, на што ги троши парите и колку му остануваат на крајот од месецот.
Тој откри дека во октомври заработил 4.700 швајцарски франци нето, односно околу 4.800 евра, но и покрај високата плата, голем дел од приходите му одат на редовни трошоци.
„Парите доаѓаат и си одат, но искуствата остануваат“, вели Тудор, објаснувајќи дека во Швајцарија прво мора да се платат бројните сметки.
Како што вели, сите трошоци ги запишува во тетратка, а за еден месец издвоил:
- Храна – 800 франци
- Здравствено осигурување – 69 франци
- Мобилен пакет – 145 франци
- Телефон и интернет – 90 франци
- Месечна железничка карта – 170 франци
- Кирија – 950 франци
По подмирувањето на овие трошоци, на Тудор му остануваат околу 2.460 франци, или приближно 2.500 евра.
Тој вели дека преостанатите пари ги користи за штедење, патувања и лични потреби.
„Заработувам на јаболка, трошам на круши“
Во уште едно видео, Тудор ги предупредува оние кои планираат да се преселат во Швајцарија да не се водат само од високите плати.
Според него, трошоците и даноците можат значително да го намалат расположливиот приход.
„Најголемиот проблем во Швајцарија се бројните даноци. Тоа што го заработуваш на јаболка, го трошиш на круши. Така функционира системот“, вели тој.
Тудор додава дека дел од Романците кои дошле во Швајцарија по кратко време се откажале и се вратиле, бидејќи не го очекувале сложениот систем на даноци и високите трошоци за живот.
На оние кои допрва планираат да заминат им советува добро да се информираат и да имаат трпение.
„Кога ќе дојдете во Швајцарија, внимателно гледајте. Ние кои сме веќе тука се снаоѓаме, но за новите е тешко. Потребна е една година за платата да порасне и да стекнете сигурност“, вели тој.
Швајцарија и понатаму е една од најпривлечните дестинации за работници од Балканот и Источна Европа поради високите плати и стабилната економија. Сепак, високите кирии, осигурувањето, даноците и останатите трошоци значат дека високата бруто или нето плата не секогаш значи и огромна заштеда.
Извор: Blic.rs

