Нов црн рекорд на Македонија во инфлација – убедливо најлоши во регионот

На една рака може да се избројат земјите кои успеаа да задржат едноцифрено нивп на инфлација.

Статистиката на „Вижуал капиталист“ илустрира што се случува во Европа и покажува кои земји најмногу страдаат од инфлацијата и кои држави ги одржуваат финансиска рамнотежа.

Најлоша е ситуацијата во Турција каде што во последниот период вредноста на парите алармантно се намалува. Стапката на инфлација таму достигна 88,5 отсто, а во следната земја на листата, според овој показател, инфлацијата е помала за трипати. Станува збор за Украина каде што инфлацијата, од очигледни причини, достигна 26,6%. Горивото таму, на пример, бележи зголемување од над 90% оваа година во споредба со минатата, и така, ако литар бензин во 2021 година се продаваше по цена од околу 25-27 гривни, денес скокна на 50-55 гривни.

По Украина веднаш се Литванија (23,6%), Естонија (22,5%), Летонија (21,8%) и Унгарија (21,1%). Ова се земјите каде што инфлацијата е далеку над европскиот просек и се движи околу 10%.

Секако, има и добри примери под или околу овие проценти, иако многу малку. Станува збор за Данска и Португалија (10,1%), како и Норвешка (7,5) и апсолутниот шампион Франција – 6,2%. Италија и Австрија се блиску до европскиот просек со 11,8% и 11% соодветно.

Македонија, пак, според стапката на инфлација е на врвот на листата споредено со земјите од регионот. Кај нас, како што објави објави во средата Државниот завод за статистика, стапката на инфлација, мерена преку порастот на трошоците на живот, во октомври изнесуваше 19,8 проценти во споредба со истиот месец лани.

Нашите соседи изгледаат подобро на картата на инфлација. Во Бугарија е 18%, Романија може да се „пофали“ со 15,3%, Грција – меѓу 5 и 10%, во Србија изнесува околу 15%, Хрватска – 13,5.