Норвежаните ќе работат подолго?
Владата на Норвешка во април предложила да се воведе т.н. стандардна старосна граница за заминување во пензија од 67 години за оние кои се родени во 1963 година.
Зголемувањето на очекуваниот животен век ќе влијае и на долната старосна граница за пензионирање, пренесува Blic.
Истовремено се предлага и зголемување за 2/3 години (осум месеци) од очекуваниот раст на преостанатиот животен век за лицата родени во 1964 година или подоцна. Ова подразбира подигнување на старосната граница за пензионирање за еден до два месеци по групите на раѓање, што резултира со една година по деценија.
Така, лицето родено во 1974 година би морало да работи година дена подолго од оние родени во 1964 година, додека лицата родени во 1984 година би требало да работат две години повеќе.
Зголемувањето на очекуваниот животен век ќе влијае и на долната старосна граница што значи дека старосната граница за заминување во пензија со текот на времето ќе се менува за секој поединец.
Најавувајќи ги овие мерки на крајот од минатата година, Владата соопштила дека верува оти зголемувањето на старосните граници, подобрите старосни пензии за лицата со инвалидитет и промените на регулацијата на минималните стапки во државните старони пензии ќе придонесе за поправеден пензиски систем во иднина.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/fizkes
- Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја - 24/04/2025
- Научници пресметале колку животи спасиле вакцините - 24/04/2025
- Сакате да ја добиете работата од соништата? Никако не ги поставувајте овие прашања на разговор за работа - 24/04/2025