- Advertisement -
НовостиПравда

НУК: И ние треба да бидеме вклучени во носењето одлуки за угостителите

280views

Соопштението на Независната угостителска комора ви го пренесуваме интегрално:

Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите донесените одлуки за препораки на рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти се донесени повторно во координација со угостителите и коморите доставивме барање за учество во понеделничкиот состанок на кој комисијата ќе ја разгледува потребата од нови рестриктивни мерки за начините на работењето на угостителската индустрија.

По повод вчерашните информации од каде медиумите посочуваат дека дел од членовите на оваа Комисијата за заразни болести се залагаат за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари како Независна угостителска комора утринава доставивме барање за учество во понеделничкиот работен состанок на претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство на кои се планира да се донесат овие препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија. 

Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава.

Со нашето отворено барање побаравме наместо по којзнае кој пат повторно да се троши бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, Комисијата да ги засучи ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што времето да го потрошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.

ДО

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

д-р Жарко Караџовски и останати членови на комисијата

КОПИИ ДО:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министер д-р Венко Филипче

С К О П Ј Е

ПРЕДМЕТ:

БАРАЊЕ ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ПО ПОВОД НАЈАВАТА ЗА НОВИ МЕРКИ НАМЕНЕТИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Почитуван Претседател на Комисија за заразни болести,

По повод изјавата за медиумите на Ваши членови дека за понеделничкиот состанок е планирано да ја анализирате здравствената состојба со цел донесување на најавени нови рестриктивни мерки наменети за начинот на работењето на угостителската индустрија меѓу кои дали ќе се намалува работното време и дали ќе има одредени денови кога нема да работат угостителите сакам да Ви укажам и да знаете дека:

Без разлика на било која одлука за каква мерка ќе донесете најавата на Вашите членови за нов бран на заболени ќе биде реалност не како последица на новите препораки за мерки кои планирате да ги дадете за “НЕ”РАБОТЕЊЕТО НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ туку како резултат на организирање на неконтролирани прослави, веселби и забави кои во наредните денови се одвиваат и ќе се одвиваат во сите приватни  вили, викендици, куќи, хотели низ Македонија кои на големо се нудат како пакет аранжмани за пред-новогодишни прослави и новогодишни дочеци преку социјалните мрежи.

И трагедијата да биде поголема се додека границите се отворени, верувајте дека сите оние граѓани што имаат услови и можности ќе си приуштат Новогодишните празници и неработните денови да ги поминат надвор од Македонија, некаде во соседството, во некој од шопинг или скијачки центар или на некоја друга подалечно егзотична дестинација.

Фактот на наведеното укажуваат безбројните мали огласи за изнајмување на вили и викендици како и рекламите на домашните и странските туристички агенции на агресивно понуда за Новогодишни патувања насекаде низ светот каде условите дозвоолуваат истите да бидат реализирани.

И наместо повторно да трошите бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки во препораки за мерки со кои само ќе ги етикетирате угостителите и непотребно ќе ја усложните постојната состојба без никаков позитивен здравствен ефект, можете да ни помогнете на сите нас угостители и целокупната угостителска индустрија со тоа што времето ќе го потрошите да понудите стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи дали, како и под кои услови и начини угостителската индустрија ќе може да работи во наредната 2021 година 

Се надевам дека после ова образложение претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство сите заедно ќе бидеме поканети на Вашиот понеделнички закажан состанок на кои планирате да донесете препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија и ќе ни дозволите и овозможите со нашето учество да ги слушнеме Вашите грижи и оправдувања поради кои Вашите членови сакаат да ги усвоите овие мерки и да ни дозволите пред да ги доставите до Владта и објавите истите да ви укажеме за нивните ефекти, недоследности и последици кои ќе произлезат. 

Очекуваме да излезете во пресрет на ова наше барање со цел да ги избегнеме Вашите погрешни изјави за медиумите во минатото дека донесените одлуки за препораки ги носите во координација со угостителите.

Срдечен поздрав