- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

НУК: Филипче да се извини и МЗ да овозможи рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници

НУК: Филипче да се извини - Работник
487views

Соопштението на Независната угостителска комора ви го пренесуваме интегрално:

ЖАЛНО, СРАМОТА И БЕЗОБРАЗНО Е ДОКОЛКУ НАВИСТИНА ТРЕБА ДА ДОЗНАВАМЕ ОД МЕДИУМИТЕ И ИЗЈАВАТА НА МИНИСТЕРОТ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕКА ПРЕД ТРИ ДЕНА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНАЛА ДОГОВОР ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ОРГАНИЗИРАНО ВАКЦИНИРАЊЕ НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО ЗЕМЈАВА ЗАЕДНО СО СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ (МАСИТ), СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА И СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ

Advertisement

Просто сме вчудоневидени на некоректниот однос на Министерот Венко Филипче и Министерството на здравство што имале т.н. состанок со стопанските комори на почетокот на неделата од кои во моментов ги очекуваат списоците за вакцинација заклучно со 17ти Мај 2021 година од привилегираните и омилени комори на Владата.

Зарем се доведовме на тие на кои навистина им е најпотребна вакцината за да можат да ги вршат своите работни задачи професионално во интерес на јавното здравје да не бидат јавно запознаени со можностите кои ги понудило Министерството за здравство за сите комори, здруженија и асоцијации, а не само за членките на наведените комори.

Advertisement
Advertisement

Зарем не им е срам на овие четири комори и понатаму во име на сите да договараат повторно позади затворена врата лични интереси со Владата за своите членки и прават приоритетни листи на вработени во нивни фирми за вакцинација додека угостителите повторно ќе извисат.

Според информациите дадени на денешната пладневна изјава на Министерот Венко Филипче повторно со привилегираните комори дефинирана е постапка, за најдоцна до понеделник, 17.5.2021 година, да се достават списоци за вакцинација за членките на Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори. Истите треба да подготват листи на заинтересирани за вакцинирање со лични податоци и пунктови за имунизација во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Охрид.

Ги прашуваме јавно и транспаретно и Министерот Венко Филипче и Претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период повторно се игнорираат е деградираат.

Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Северна Македонија донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори ја искористи себична за лични интереси и само за своите членки.

Министерот да се извини јавно на сите угостители и Министерството за здравство најбрзо што може јавно да ги објави информациите и начините планирани за вакцинација кои ги договориле со коморите и овозможи рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не само вакцинација на привилегирани членки на овие комори.

Advertisement