- Advertisement -
НовостиПравда

Објавен повик за пријавување стручни лица за подготовка на новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование

МОН: Создадени се услови - Работник
160views

Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието посветено работат на зајакнување на тимот кој во следниот период треба да ги изготви новите наставни програми за учениците од прво до петто одделение, согласно наставниот план во неодамна усвоената Концепција за основно образование.

МОН ја известува целокупната стручна јавност дека Бирото за развој на образованието, објави Конкурс за ангажирање надворешни соработници кои заедно со советниците во Бирото, ќе ги изготват новите наставни програми согласно Концепцијата за основно образование.

Се повикуваат сите наставници и стручни лица кои ги исполнуваат условите согласно конкурсот кој се однесува на изработка на наставните програми од прво до петто одделение, да се пријават и да го дадат својот придонес за развој на воспитно-образовниот систем во нашата земја.

Конкурсот може да се види на следниот линк: https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2021/03.pdf