Оваа жена вели дека не ја добила работата поради тоа што немала шминка
Мелиса Вивер имала закажно интервју за работа за работната позиција потпретседател на секторот човечки ресурси во една технолошка компанија. На интервјуто таа носела палто, целосно закопчана кошула (двете испеглани), а ноктите ги обоила во неутрална боја.
Едно нешто не ставила. Шминка.
Не мислела дека тоа ќе биде проблем и дека интервјуто поминало добро – траело повеќе од предвиденото, и изгледало дека ги имала сите квалификации, искуство и вредности кои компанијата ги барала. Но по неколку дена, таа била информирана дека нема да биде дел од следната рунда.
Како експерт за човечки ресурси, Вивер прашала зошто, по што од страна на регрутерот ѝ било кажано оти компанијата била загрижена дека не вложила доволно труд во нејзниот изглед потребен за улогата на потпретседател.
Во коментарите под нејзиното вирално видео на ТикТок, луѓето жестоко ја бранеле, нарекувајќи го коментарот на регрутерот „многу непристоен“ и посочувајќи дека „ова никогаш нема да му биде кажано на маж“.
Целосното видео погледнете го тука
- Синдикатот за образование на БиХ со писмо со сочуство за трагедијата во Кочани до СОНК - 18/03/2025
- „Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија - 18/03/2025
- Невидена измама! Менаџер за човечки ресурси измислувал работници – успеал да проневери повеќе од 2 милиони евра: Еве како е откриен - 18/03/2025