ЕкономијаНовостиСвет

Оваа земја е нај-пристапна за живот за иселениците

   Време за читање 1 минута

Нај-пристапна земја за живот на иселениците во 2024 година е Виетнам, а зад неа се Колумбија и Индонезија.

Ова го покажало истражувањето спроведено меѓу повеќе од 12,000 иселеници од 174 држави и територии ширум светот. Организацијата InterNations побарала од испитаниците да го рангираат своето задоволство од општите трошоци и личните финансии во конкретна земја, а Виетнам четврта година по ред го зазема првото место на листата од вкупно 53 дестинации.

На четврто и петто место на овој список на држави поволни за иселеници се наоѓаат Панама и Филипини, додека Индија го зазела седмото, а Мексико осмото место. Во првите десет се наоѓаат и Тајланд, Бразил и Кина.

Посебно место зазема регионот на југоисточна Азија кој има четири претставници на оваа листа, конкретно Виетнам, Индонезија, Филипини и Тајланд.

„Мнозинството иселеници се согласуваат дека во овие земји лесно е да се најде сместување и дека се задоволни со тоа колку истото е пристапно“, рекла директорката на маркетинг на InterNations, Кетрин Чудоба.

Луѓето кои сакаат да се преселат во друга земја треба да земат предвид и други фактори како што се квалитетот на живот или здравствената заштита, но сигурно дека Виетнам е најповолна дестинација според буџетот кој е потребен за да се живее во неа, се додава во извештајот.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Hien Phung Thu