- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оваа компанија премина во целосна сопственост на работниците

Оваа компанија премина - Работник
158views

Гигантот на пазарот на акустични гитари „Тејлор“ објавил дека извршил транзиција на сопственоста, и сега компанијата е 100 % во сопственост на вработените. 

„Се радуваме што на луѓето им ја даваме радоста од музиката и се надеваме дека тоа ќе го правиме и за генерациите кои доаѓаат“, рекол Боб Тејлор, коосновач и претседател на компанијата „Тејлор гитарс“. 

Advertisement

„Спроведувањето на 100 % на ЕСОП планот (Employee Stock Ownership Plan)* ни овозможува независност на долги стази, а и се продолжува реализацијата на нашата визија за иновативен произведувач на гитари“. 

Планот е даночно квалификуван и им овозможува на вработените да примаат пензија поврзана со идната вредност на капиталот на Тејлор гитарс. Додека вработените во производниот погон на Телјол во Текате (Долна Калифорнија, Мексико) ќе учествуваат во нејзниот ЕСОП план за САД, а вработените во Европската унија ќе бидат учесници во сличен план кој е достапен според прописите на ЕУ. 

Advertisement

Курт Листунг, коосновач и извршен директор, додал: „Иако јас и Боб не се повлекуваме, се подготвуваме за нашиот конечен излез. Главниот дизајнер на гитарите Енди Пауерс не е само извор на нашите гитари за во иднина, тој веќе се придружи во раководството на нашиот тим пред неколку години, а зајакнувањето на нашиот раководствен ти е неопходен чекор за планирање на нашето наследство. 

Оваа сопственичка транзиција докажува дека идејата на Тејлор за одржливост оди подалеку од инзворедните начини на кои пристапила во пронаоѓањето на дрва за своите гитари. ЕСОП структурата му овозможува на Тејлор да обезбеди значајни финансиски бенефити за работната сила која придонесува за успех на компанијата, пишува Мјузик Рејдар. 

„Веруваме дека креиравме посебна компанија, каде страстните луѓет можат да се ангажираат за пронаоѓање на иновации, соработка и почит“, рекол Листунг. 

Со оваа постапка Тејлор гитар се придружи на другите успешни компании кои работат по ЕСОП планот, вклучувајќи ги Клиф бар енд компани, Кинг Артур флаур бејкинг компани, како и компанијата В.Л. Гор енд Асосиејстс. 

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Taylor Guitars (@taylorguitars)

*План за сопственост на акциите од страна на работниците

Advertisement