Овие држави им даваат државјанства на сите: Постои само еден услов
Пет земји на Карибите нудат државјанства на доселениците, под услов: да купат недвижнини или да вложат пари.
Станува збор за шемите: „државјанства по пат на вложување“, пренесува Telegraf Biznis.
Поедноставно речено, шемите на државјанствата по пат на инвестиции им даваат на луѓето шанса да обезбедат државјанство во земјата преку лиценциран агент. На Карибите, тоа се следните земји: Антигва и Барбуда, Доминика, Гренада, Сент Китс и Невис и Света Лусија.
Секоја земја има различни правила за шемата: „државјанства по пат на вложување“. Во наједонставниот случај, од вас ќе бараат да купите недвижнини (во одреден ценовен ранг), во други земји постојат точни објекти кои можат да се купат, додека во други би барале од вас да инвестирате во одобрена работа или дадате донација во одобрен државен фонд.
На пример, во Антигва, секоја недвижнина купена за добивање државјанство може да се продаде пет години подоцна, а инвеститорите во меѓувреме можат да заработат приход од закупот. Другите земји кои учествуваат во шемата имаат други правила.
Томас Скот, глобален шеф на секторот за недвижнини во областа на државјанствата на компанијата Henley & Partners за MailOnline рекол:
„Иако процесот на вложување во недвижнини низ програмите за миграција на инвестициите не се разликува многу од купувањето на други недвижнини, инвеститорите би требало блиску да соработуваат со своите инвестициски советници да гарантираат дека критериумите за подобност на нивните одбрани програми се исполенти и да обезбедат дека ги означиле сите полиња во поглед на усогласеноста и барањата за подолго внимание.“
Колку треба да потрошите на недвижнина?
Секоја од карипските земји која нуди државјанство по пат на инвестициски шеми, има различни минимални цени за купување на недвижнини.
Секој кој ќе се одлучи за државјанство за инвестициска шема во Антигва и Барбуда по пат на недвижнини ќе мора да потроши најмалку 200,000 долари на недвижнина. Минималниот праг во Доминика и Света Лусија е исто така 200,000 долари.
Во Гренада минималната откупна цена е 270,000 долари, а во Сент Китс и Невис минимум 400,000 долари.
Во Антигва и Барбуда и Сент Китс и Невис, недвижнините на отворениот пазар, како и оние од одобрените инвеститори, можат да се користат како дел од процесот за добивање на државјанства по пат на вложување.
Одредени аспкети на инвестициските шеми за државјанства на Карибите исто така наскоро ќе се променат. Експертите на компанијата Henley & Partners за MailOnline рекле дека промените на праговите не вклучуваат купување на недвижнина. Меѓутоа, од суштинска важност е да се добие стручен совет во врска со сите промени на праговите.
Извор: b92.net
Фото: abimages/Shutterstock
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024