Овие три прашања ги поставуваат сите кога ќе дојдете на ново работно место
Штом влезе на интервју за работа или започнете нова работа, луѓето околу вас, свесно или несвесно, поставуваат три клучни прашања:
- Дали знаеш да ја работиш работата?
- Дали навистина сакаш да биде овде?
- Дали е лесно да се соработува со тебе?
Вашата задача е на надредените и колегите јасно да им покажете дека одговорот на сите три прашања е да.
Според искуството на советникот за кариера од Харвард, токму овие три особони одлучуваат кој ќе добие прилика, проекти или унапредување, а кој ќе остане на страна. Тој ги нарекува три Ц правила на успехот, пренесува CNBC Make it.
1. Компетентност
Компетентноста значи дека работата ја извршувате точно, веродстојно и на време, без постојана контрола и без правење на проблеми на другите.
Тоа подразбира:
- Преземање на одговорности – не прашувајте само „што понатаму“, туку понудите решение или свое размислување.
- Намалување на грешките – проверете го сработенот пред да го испратите.
- Управување со очекувања – ако нешто не постигнувате, кажете го тоа со време.
Важна напомена: не е пресудно само колку сте добри, веќе и како другите ве доживуваат. На работа често се мерки впечатокот, сигурноста во комуникацијата, видливиот напредок и начинот на кој ја претставувате својата работа.
Прашање за себе:
Дали сум темелен, доверлив и брз како луѓето на мое ниво?
2. Посветеност
Посветеноста значи дека сте присутни, заинтересирани и спремни да придонесете , но и без претерување кое може да делува наметливо.
Добри сигнали за посветеност се:
- Припрема за состаноци – дојдете со став или барем со прашања.
- Брзи одговори – не заминувајте од комуникацијата.
- Љубопитност – поставувајте паметни прашања, не оние кои се решаваат со едно гуглање.
Ситниците како доцнењето, молчењето на состаноци или бавно одговарање на мејлови можат брзо да создадат впечаток дека работата не е приоритет.
Прашање за себе:
Дали сум активен и присутен колку и другите околу мене?
3. Комптиабилност
Компитабилноста значи колегите да се чувствуваат пријатно во ваше друштво, без глума и форсирање.
Тоа се гради низ
- Односи – интересирајте се за луѓето, а не само за задачите.
- Почитување на хиерархија – не е исто да му се обраќате на колега и на директор.
- Прилагодување на тимот – не пренесувајте ги автоматски навиките од претходното работо место.
Луѓето прирордно гравитираат кон оние кои им се слични, што компитабилноста често им се чини како најтежок, но поважен фактор.
Прашање за себе:
Дали се вклопувам на начин кој е автентичен за мене?
Деловниот свет не е фер – но правилата на игра помагаат
Работното опкружување не е еднакво на сите. На некои компетентноста им се подразбира, други постојано се преиспитува. Некои лесно се вклопуваат, додека други мораат да вложат дополнителен напор поради предрасудите и разликите.
- Дали е тоа праведно? Не
- Дали системот би требало да е подобар? Апсолутно.
- Дали наскоро ќе се промени? За жал- веројатно не.
Додека тоа не се случи, разбирањето на трите Ц правила може да ви помогне да сфатите како другите ве гледаат и свесно да ја изградите карира каква што ја заслужувате.
Извор: BIZlife.rs/K.J.

