ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс - Работник
31views

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се ведри и амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Eксперт за електронско кредитирање

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон корисниците.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна телефонска услуга за корисници во контакт центар
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Постапување по потреби на корисници
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор за електронско кредитирање во Сектор за клиентско искуство

Профил на кандидат:

  • Задолжително искуство во контакт центар од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-18.00, понеделник-сабота

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

ТИГО ФАЈНАНС обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување.

Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од базата на потенцијални кандидати на компанијата.