- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Оглас за вработување -Работник
315views

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Администратор за системски софтвер

Образование:

  • VII – 1 степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.

Опис на работно место и одговорности:

  • Инсталирање, конфигурирање и администрирање на MS Windows оперативни системи;
  • Администрирање Active Directory околинана MS Windows Server;
  • Администрирање на MS Exchange server;
  • Администрирање  на Domain Controller;
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина VMware виртуелни платформи;
  • Конфигурирање и администрација на Linux оперативни системи;
  • Конфигурирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Администрирање на резервни копии и системи со резервни копии;
  • Следење на сигурност на серверска инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
  • Изготвување на детална техничка документација.

Способности:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Добри организациски вештини, личниот интегритет и професионален однос;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
  • Претходно работно искуство како систем администратор VMware, Unix/Linux OS, MSSql, MySQL, Oracle, MS Exchange ќе биде земено како предност.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk со Subject: ”Оглас за Администратор за системски софтвер”, најдоцна до 30.12.2020 година.

Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.