- Advertisement -
МакедонијаПравда

Одделни средби на родителите кои се за онлајн настава и со физичко присуство со владините претставници

Одделни средби на родителите - Работник
153views

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство д-р Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

На средбите претставниците на двете групи родители имаа прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Advertisement

Претставниците на родителите на двете групи беа запознаени дека моделот за организирање и спроведување на наставата за учебната 2020/2021 година во услови на пандемијата со КОВИД-19 предвидува комбинирана настава со одредени исклучоци кои одат во прилог и на застапниците на онлајн наставата и на оние кои се залагаат за настава со физичко присуство.

Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за интернет комуникација, односно онлајн.

Advertisement
Advertisement

Вториот исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите.

За овие исклучоци ќе одлучува работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за здравство и на Канцеларијата на претседателот на Владата, по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Овој комбиниран модел, беше истакнато на средбата, е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

Advertisement