Одлучувачки при вработување: 10 брзо растечки вештини кои компаниите сакаат да ги видат во вашето CV
На конкурентниот пазар на труд, вештините можат да ви помогнат да се истакнете од другите кандидати.
„Вештините се’ повеќе стануваат движечка сила зад одлуките за вработување“, вели Ендру Симен, уредник на вести на LinkedIn, додавајќи дека „50 % од вработувањата преку LinkedIn се базираат на експлицитно користење на база на вештини за пополнување на улогите“.
Платформата неодамна го објавија својот извештај за вештини во раст, кој вклучува 15 кои стануваат се’ попоуларни. LinkedIn ја мерел популарноста на начин што направил комбинација од: оние вештини кои луѓето ги додаваат на индивидуалните профили, колку често се појавуваат помеѓу оние кои наоѓаат работа и колку често се појавуваат во огласите за работа.
Во продолжение 10 брзо растечки вештини:
- AI писменост
- Решавање на конфликти
- Адаптабилност
- Оптимизирање на процеси
- Иновативно размислување
- Јавно говорење
- Продажба базирана на решенија
- Поддршка и ангажирање на клиенти
- Менаџирање на стејкхолдери
- Развој и примена на голем јазичен модел (LLM)
Треба да се има предвид дека во текот за работата интервју, меките вештини најдобро можете да ги демонстрирате преку пример за тоа како сте ги имплементирале на претходното работно место.
Извор: CNBC Make it
Фото: Canva
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025