СветСветот на работникот

„Talent doom cycle“: Зошто AI ги тера компаниите да ги отпуштаат младите работници?

Како што сè повеќе компании отворено отпуштаат вработени поради интеграцијата на вештачката интелигенција, први на удар се токму junior и entry-level позициите. Програмите за практиканти и стажанти стануваат „загрозен вид“, а корпорациите ги намалуваат тимовите за да воведат понапредни AI-системи.

Amazon неодамна отпушти 14.000 корпоративни работници, оправдувајќи го чекорот со инвестирање во своите „најголеми адути“, меѓу кои и генеративната вештачка интелигенција. Слични резови веќе спроведуваат Accenture, Salesforce, Lufthansa и Duolingo.

(Не)реалноста на пазарот на труд

Се поставува прашањето: Дали AI навистина може да ги замени младите кадри и да го затвори влезот во индустријата?

Според истражување на CIPD, 62% од британските работодавачи очекуваат дека junior, административните и дел од менаџерските позиции ќе бидат меѓу првите заменети со AI. Во САД, бројот на огласи за почетни работни места е намален за 35% од јануари 2023. Во Велика Британија, речиси 17.000 работни места за дипломци привлекле 1,2 милиони апликанти, што ја прави конкуренцијата најостра досега.

Клин со клин се вади, но и се враќа

Стручњаците предупредуваат дека укинувањето на junior позициите долгорочно може да ги оштети компаниите. Фабиан Стефани од Оксфордскиот интернет-институт објаснува дека младите работници се инвестиција во иднината, а не трошок.

Недостигот на млади кадри го создава она што тој го нарекува „talent doom cycle“ – спирала што тешко може да се прекине.

Младите вработени носат свежи перспективи, разбирање на новите трендови, дигитални навики и поп-култура, создавајќи го т.н. генерациски мост. Без тоа, компаниите ризикуваат да станат затворени системи без реален контакт со пазарот.

Фирма без млади луѓе изгледа како дом за пензионери“, вели Стефани. „Се губи енергијата и иновативноста неопходна за развој на нови производи.“

Експертите додаваат дека многу од најдобрите идеи во компаниите се раѓаат токму во првите години од работниот стаж, кога младите вработени сè уште го гледаат системот со „нови очи“.

Знаењето што не се пишува – и не може да се автоматизира

Уште еден проблем што произлегува од укинувањето на младите позиции е губењето на tacit knowledge – непишано, практично знаење што се пренесува само преку работа и интеракција меѓу вработените.

„Тоа се работи што никаде не се запишани, но без нив компанијата не функционира“, вели Стефани. „Кога ќе исчезне преносот на ова знаење, се создаваат сериозни празнини во организацијата и корпоративната култура.“

Некои компании го избираат спротивниот пристап

И додека голем број големи корпорации ги кратат почетните позиции, други прават токму спротивно. Извршниот директор на Cloudflare, Метју Принс, најави планирано вработување на 11.000 практиканти, објаснувајќи дека:

50-годишните директори не можат да ги учат компаниите како да ја користат AI.

Тој додава: „Мораме да учиме од новата генерација.

Извор: BIZLife.rs