Од петок нема гарантирани цени, но ќе има казни за секое нелогично зголемување на производите, најави Битиќи
Од 1-ви март нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите.
Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.
– Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики, соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, а што тоа ќе значи, знаеме од минатото, рече Битиќи.
Тој оцени дека, конечно, лекцијата кај трговците е научена.
-Ние сметаме дека, конечно, лекцијата е добиена, дека во државата, освен правење бизнис и креирање профит, мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките што соодветствува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека, еве, ако во Собранието нема разум за носењето на законот за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, рече Битиќи.
Според него, конечно е дојдено времето секоја една институција соодветно да реагира.
– Не можеме да бараме одговорност од оние што не се повикани. Комисијата за заштита од конкурентност и Здружението за заштита на потрошувачите се најповиканите што треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Секако ние како Влада дадодвме еден предлог, тој е во собраниска процедура, а тоа е законот за нефер трговски практики, кој не знам зошто не е изгласан, истакна вицепремиерот.
- ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА И ВО ГЕРМАНИЈА, КАКО ПОМИНА ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Вработените поодморни, понаспани и попродуктивни - 04/11/2024
- Анализа: Каков е соодносот меѓу минималната и просечната плата кај нас и во регионот - 04/11/2024
- ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Можат ли работниците да бираат дали сакаат пари во кеш или слободни денови за одмор - 01/11/2024