Од утре замрзнуваат цените на овошјето и зеленчукот – Земјоделците бараат поддршка, а не замрзнати цени
Наместо да ги помогне, Владата ја сече гранката на која седат земјоделците. Вака градинарите од струмичко ја коментираат мерката со која се замрзнуваат цените на дел од земјоделските производи. Одлуката ја сметаат за несоодветна и задоцнета бидејќи истата требало да биде донесена пред неколку месеци кога на пазарот имало зеленчук само од увоз, а не во период кога почнува бербата на домашното производство.
Претседателот на потсекторската група за градинарство при МЗШВ , Драги Памуков вели дека со овој чекор најпогодени ќе бидат градинарите кои произведуваат во контролирани услови и цела зима ги загреваат нивните оранжерии.
Ракциите на земјоделците доаѓаат по вчерашната одлука на владата со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук меѓу кои се и доматите, краставиците и пиперот. Согласно оваа одлука во наредниот период килограм домати не смее да се продава поскапо од 70 денари, краставиците 75, а максималната цена на пиперките ќе биде 90 денари.
Извор: Сител