- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Околу 250 приватни специјализанти ќе се вработат во јавните здравствени установи(КРГ)

322views

Министерот Филипче вели дека се обезбедени средства за решавање на работниот статус на младите лекари
Вработување на приватни специјализанти во установите од областа на јавното здравство, најави министерот Венко Филипче во гостување на МРТ.

Министерот за здравство рече дека за таа цел веќе се се обезбедени финансиски средства.

„Со приватните специјализанти имавме многубројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја – рече Филипче.