- Advertisement -
МагазинНовости

Отворена аудицијата за нови членови на Детскиот музички фестивал „ПОТОЧИЊА“ 2022

1.26Kviews

Најмили другарчиња и почитувани родители, по две години, повторно се одржува Аудиција за прием на нови членови – учесници на Детскиот музички фестивал „ПОТОЧИЊА“ 2022.

Аудицијата е отворена за сите деца на возраст од 5 до 10 години, а поради моменталната ситуација со коронавирусот, истата ќе се одржи во онлајн формат.

Заинтересираните потребно е да испратат видео, не подолго од 60 секунди, на коешто детето пее една омилена песна по сопствен избор. Ќе се разгледуваат видеата кои ќе бидат испратени во порака (INBOX) на Facebook – Детски фестивал Поточиња https://www.facebook.com/Potocinja и на Instagram профилот @potocinja https://www.instagram.com/potocinja/.

Аудицијата е отворена од 25 септември до 2 октомври 2021 година.

Ќе се разгледуваат видеата испратени во порака (INBOX) единствено од профили на полнолетни лица – родители/старатели на детето. Со самото испраќање испраќачот се согласува видеото да биде користено за потребите на Аудицијата, додека Пап продукција се обврзува видеото да не го објавува јавно и да не го користи во ниту една друга цел, освен за потребите на Аудицијата.

Време е да пееме, време е да се забавуваме!

За повеќе информации за аудицијата, посетете го следниот Facebook линк: https://www.facebook.com/Potocinja/photos/a.1140906845954818/4755245607854239/