МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Отфрлен Предлог Законот за систем на плати во јавниот сектор

   Време за читање 1 минута

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски објави на Фејсбук дека во понеделникот на Економско – социјалениот совет бил отфрлаен Нацрт Законот за систем на плати во јавниот сектор.

На седницата на Економско- социјалниот совет беше отфрлен предложениот Нацрт Закон за систем на плати во јавниот сектор на барање на синдикатите. Тоа е правилна одлука, зашто текстот на нацрт- законот беше проблематичен, на што укажував уште откако стана достапен, и овде и во моите изјави во медиумите. За да градиме подобра држава треба системот да се менува кон фер, праведен и правичен. Иако владата го промовираше предложениот текст како добар, сепак на крајот согледаа дека всушност, не ја исполнува целта поради која требаше да биде донесен. Во секој случај, ова е позитивен исчекор, од кој очекувам дека ќе се извлечат поуки, дека без социјалните партнери и експртската јавност не можеме да очекуваме да сe дојде до добро законско решение со кое оваа област ќе се уреди соодветно.