Што е Економско – социјален совет?
ШТО Е ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ?
Големата дискусија која се отвори во поглед на прашањето дали неделата да биде неработен ден, пред се, освен во јавноста се одвиваше во рамките на Економско – социјалниот совет. Но, што всушност претставува економско – социјалниот совет?
Заради утврдување и остварување на усогласени дејности со цел за заштита и промоција на економските и социјалните права, односно интереси на работниците и работодавачите, водење на усогласена економска, развојна и социјална политика, поттикнување на социјален дијалог и склучување и примена на колективни договори и нивно усогласување со мерките на економската, социјалната и развојната политика, се основа Економско- социјален совет.
Дејноста на Економско-социјалниот совет се темели на потребата за тристрана соработка меѓу Владата на Република Македонија, синдикатите и здруженијата на работодавачите, во решавањето на економските и социјалните прашања и проблеми.
Со спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се определува неговиот состав, при чиешто утврдување, мора да се води сметка за соодветна застапеност на социјалните партнери. Сите овие прашања, како и прашањето во поглед на неговата дејност се уредени со Законот за работни односи.
ШТО Е ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ?
Големата дискусија која се отвори во поглед на прашањето дали неделата да биде…
Posted by Juridica on Monday, February 15, 2021

